Husamedin Gina
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се оздравени 50 пациенти со Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени од овој вирус во земјата се искачи на 1.351, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починал уште 1 пациент со Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 106.
Исто така соопштено е дека се регистрирани 22 нови случаи со Ковид-19, со што бројот на случаи во земјата се искачи на 1.839.
Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 382.
Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега се спроведени 22.255 тестирања.
Во Северна Македонија полицискиот час трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот.