Ekipa
05 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 301 нов случај на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 135.143, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 37 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.977.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.091 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 110.388.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 20.802.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.431 тестирањe за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 643.004 тестирања.