Furkan Abdula
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 132 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 6.209, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 12 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 298.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 2.427.
Во моментот активни се 3.484 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 868 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 59.633 тестирања за Ковид-19.