Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Од Ковид-19 во последните 24 часа починаа 34 лица

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 34 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.262.

Admir Fazlagic  | 12.04.2021 - Обновена : 13.04.2021
Северна Македонија: Од Ковид-19 во последните 24 часа починаа 34 лица

СКОПЈЕ

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 193 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 142.034, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 34 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.262.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.014 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 117.794.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 19.978.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.050 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 670.333 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın