Ekipa
29 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 303 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 127.240, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 41 лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.716.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.169 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 105.524.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 18.000.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.405 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 616.862 тестирања.