Ekipa
11 Декември 2021•Ажурирај: 12 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 377 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 219.100, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 12 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19, дополнително е пријавено уште едно починато лице со датум на смрт 06.12.2021.
Институтот за јавно здравје регистрира 307 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 205.610.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.677.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.608 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања.