Балкан

Северна Македонија: Евидентирани 83 нови случаи на зараза и двајца починати од Ковид-19

- Институтот за јавно здравје регистрира 79 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 301.114.

Furkan Abdula  | 17.05.2022 - Обновена : 18.05.2022
Северна Македонија: Евидентирани 83 нови случаи на зараза и двајца починати од Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 83 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 310.942, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Пријавени се 2 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.293.

Институтот за јавно здравје регистрира 79 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 301.114.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 535.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.430 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.039.981 тестирање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.