Husamedin Gina
16 Јуни 2022•Ажурирај: 17 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 60 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 312.807, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во дадениот период не се пријавени нови починати лица од последици предизвикани од Ковид-19.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица во периодот од 05.05. до 08.06.2022 година.
Досега, како последица на коронавирусот во земјата починаа 9.320 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 63 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 303.128.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 359.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 842 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.069.427 тестирања.