Furkan Abdula
29 Март 2022•Ажурирај: 30 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 310 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 305.423, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 6 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.214.
Институтот за јавно здравје регистрира 355 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 294.427.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.782.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.776 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања.