Furkan Abdula
05 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 236 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 306.947, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.231.
Институтот за јавно здравје регистрира 252 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 296.166.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.550.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.212 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.972.271 тестирање.