Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 347 нови случаи на Ковид-19
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 11 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.779.
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 347 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 90.471, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 11 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.779.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 76.423.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 11.269
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.013 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 441.134 тестирања.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.