Admir Fazlagic
10 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 345 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата се зголеми на 86.494, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во изминатото деноноќие починаа 8 лица, со што билансот на починати од овој вирус се искачи на 2.622.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 67.453
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 16.419.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.455 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 417.212 тестирања.