Husamedin Gina
18 Јуни 2021•Ажурирај: 19 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 19 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.612, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие регистрирани се 2 починати лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата остана ист, односно изнесува 5.474.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 149.722.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 416.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.680 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 848.334 тестирања.