Husamedin Gina
21 Декември 2020•Ажурирај: 22 Декември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија од последиците предизвикани од коронавирусот (Ковид-19), регистрирани се 22 смртни случаи, со што вкупната бројка на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 2.314, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 129 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во земјата изнесува 78.434.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.122 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти во земјата е 55.155.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 20.965.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 591 тестирање, а досега во земјата се реализирани вкупно 381.207 тестирања.