Husamedin Gina
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Северна Македонија регистрирани се 465 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 287.481, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на земјата, во истиот период пријавени се 20 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.768.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.880 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 269.014.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 9.699.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.707 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.847.971 тестирања.