Ekipa
19 Март 2022•Ажурирај: 20 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 273 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 303.140, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 5 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително се пријавени три починати лица. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.172.
Институтот за јавно здравје регистрира 233 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 291.952.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 2.016.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.799 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.933.837 тестирања.