Furkan Abdula
24 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 631 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 295.712, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 10 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.968.
Институтот за јавно здравје регистрира 910 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 281.582.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.162.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.818 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.880.891 тестирање.