Admir Fazlagic
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 19 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со овој вирус се искачи на 1.858, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти Министерството за здравство, потврдени се и 4 смртни случаи од Ковид-19, со што бројката на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 110. Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 381.
Според соопштението, Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.367.
Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања на Ковид-19, додека во земјата досега се направени вкупно 22.767 тестирања.
Потсетуваме, на 15 мај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.
Полицискиот час во земјата трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот.