Ekipa
18 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче, соопшти дека во изминатите 24 часа во земјата дијагностицирани се 53 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, со што вкупниот број на потврдени случаи порасна на 1.170, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Филипче преку својот официјален профил на социјалните мрежи информира дека во изминатото деноноќие направени се вкупно 697 теста, со што вкупниот број на направени тестови во земјата од појавата на вирусот изнесува 11.556.
Министерот соопшти дека денеска се регистрирани вкупно 25 оздравени пациенти, со што вкупната бројка на излекувани пациенти од Ковид-19 во Северна Македонија порасна на 164.
Потсетуваме, Владата на Северна Македонија донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните за време на претстојниот викенд, вклучително и понеделник, односно од петок 17 април од 16 часот до вторник 21 април, до 05 часот, на територијата на целата држава, поради велигденските празници.