Vesna Besiç
16 Март 2018•Ажурирај: 16 Март 2018
САРАЕВО (AA) - Започна состанокот кој денеска во Сараево ги собра министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан (WB6), меѓу кои е и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, јавува Anadolu Agency (AA).
Главни теми на состанокот се Стратегијата за проширување на ЕУ на Западен Балкан, имплементација на резултатите на Самитот во Трст, како и подготока за Самит за Западен Балкан во Лондон.
На состанокот присуствуваат министри за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и заменик премиерот и министер за надвошрени работи на Бугарија Екатерина Захариева и главниот директор на дирекцијата на Европската комисија за соседство и преговори за проширување Кристијан Даниелсон.
По состанокот ќе биде одржана конференција за медиуми на која ќе се обрадат министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ) Игор Црнадак, заменик премиерот и министер за надвошрени работи на Бугарија Екатерина Захариева и главниот директор на дирекцијата на Европската комисија за соседство и преговори за проширување Кристијан Даниелсон.
Во попладневните саати, Министерството за надворешни работи ќе биде домаќин на Министерската конференција на Фондот за Западен Балкан. На конференцијата на Фондот за Западен Балкан ќе учествува извршниот директор на Фондот за Западен Балкан Ѓерги Мура.
По воведното обраќање на министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнадак, ќе биде претставен Извештај за активностите на Фондот за Западен алкан кој ќе го претстави извршиниот директор Мура со посебен акцент на заврешниот прв круг на евалуација на предложените проекти. Ќе се одржи и дискусија за можно зголемување на годишните придонеси.