Bekim Laci
29 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) – Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија, Олег Шчербак, денеска изјави дека одлуката на државните власти за протерување на рускиот дипломат од Македонија е несовесна и политички монтирана одлука, јавува Anadolu Agency (АА).
Тој рече дека македонските власти не дале докази дека дипломатот излегол од неговиот мандат. Рускиот амбасадор предупреди на реципрочни одговори, но откако ќе биде направена подетална анализа, бидејки, како што рече, не сакаат да брзаат со одлуки и чекори кои ќе ги преземат.
На средбата со новинарите во Скопје, амбасадорот Шчербак зборуваше за случувањата поврзани со хемискиот напад врз поранешниот руски агент во Велика Британија, каде меѓу другото рече дека Македонија најверојатно одлучила да преземе таков непријателски чекор кон Русија, под влијание на пропагандата на официјален Лондон, но и со притисок однадвор, што според зборовите на рускиот амбасадор во Скопје, не е оправдување.
Шчербак рече дека дејството за кое станува збор е избрзан чекор што е во спротивност со изјавите на државните службеници за пријателски односи со Русија, а за самиот чин на депортација, рече дека претставува непријателски чин на државата која би имала соодветни одговори, но добро осмислени од сите страни.
Тој рече дека официјално Скопје не обезбеди докази дека рускиот дипломат излегол од рамките на неговиот дипломатски мандат, како што беше и официјалното соопштено од владата.
„Официјалното соопштение на македонското Министерство за надворешни работи се вели дека одлуката за протерување на рускиот дипломат била донесена по консултациите со партнерите во ЕУ и НАТО и во знак на солидарност со Велика Британија за случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Конвенцијата за дипломатски односи. Тоа е политичка порака за Македонија да биде вклучена во акцијата на сите држави на ЕУ и НАТО за случајот во Солсбери", рече Шчербак, додавајки дека Македонија не даде или не сакаше да обезбеди докази за активностите на рускиот дипломат со кои ги надминал неговите надлежности.
Амбасадорот Шчербак, исто така, го коментираше и соопштението на руското МНР по средбата на рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, со македонскиот амбасадор во Москва, што во јавноста беше пренесено дека, доколку Македонија стане членка на НАТО тоа ќе влијае на билатералните односи и стабилноста во регионот.
„Во таа изјава, нема закани на адреса на Република Македонија. Беше изразена нашата загриженост од плановите за вовлекување на Македонија во НАТО и беше забележано за негативните последици од тоа вовлекување по регионалната безбедност и билатералните односи. Во овој наш став нема ништо ново, бидејќи истата позиција претходно им беше кажана на нашите колеги од Македонија, став што го изразив во својство на амбасадор", рече Шчербак.
Тој рече дека членството на Македонија во НАТО би можело да има импликации за земјата и додаде дека во случај на агресија од НАТО кон Русија, доколку Македонија стане дел од НАТО, „Македонија може биде легитимна цел при возвратен напад од Русија".