Andelija Stojkovic
15 Август 2022•Ажурирај: 16 Август 2022
БЕЛГРАД (АА) - Aртилериски проектил што денеска беше пронајден во белградската населба Борча е безбедно преместен и уништен, известува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, артилериски проектил бил пронајден при градежни работи покрај патот во населбата Борча во Белград.
По пронаоѓањето, полицијата го обезбедила проектилот, а потоа го отстранила и на пропишан начин го уништила.