Ahmet Nurduhan
03 Август 2022•Ажурирај: 05 Август 2022
САРАЕВО (АА) - Напорите за гаснење на шумскиот пожар што вчера избувна во единствениот приморски град на Босна и Херцеговина, Неум, продолжуваат и денеска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Управата за цивилна одбрана на Херцеговско-Неретванскиот кантон се истакнува дека во пожарот, кој поради силниот ветер во градот брзо се проширил, интервенирале пожарникари од околните области.
Пожарот вчера попладне се проширил и на боровата шума.
Меѓу другото, во соопштението се наведува дека еден од патиштата што водат кон Неум вчера бил целосно затворен за сообраќај, но патот повторно бил отворен по завршувањето на работите.
Се нагласува дека во гаснењето на пожарот интервенирале хеликоптери на Вооружените сили на Босна и Херцеговина и авионите „Канадер“ за гаснење пожари на Хрватска.