Burak Dağ
02 Август 2022•Ажурирај: 03 Август 2022
АНКАРА (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес соопшти дека разговарал со косовскиот премиер Албин Курти за неодамнешните тензии во областите со мнозинско српско население во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сите страни мора да ја задржат смиреноста, да избегнуваат унилатерални акции и да го поддржат дијалогот со посредство на ЕУ“, напиша Столтенберг на Твитер.
Столтенберг исто така се осврнал и на важноста на силите на КФОР.
„Останувам во близок контакт и со Приштина и со Белград“, додаде тој.
Тензиите меѓу Србија и Косово ескалираа во неделата пред планираното имплементирање на новите реципрочни мерки од страна на Косово, според кои е задолжително за сите, вклучително и за Србите што живеат во Косово, да имаат косовска лична карта и регистарска табличка на возилата.
Илјадници луѓе кои живеат во мнозинските српски области на Косово користат таблички на автомобили издадени од српските власти и им пркосат на косовските власти.
Во неделата Косово објави дека е донесена одлука за одложување на новите реципрочни мерки до 1 септември.
Српскиот претседател Александар Вучиќ повика на дијалог во неделата за решавање на прашањањето со Косово.