Adis Karaca,Gorana Jakovljevic
31 Декември 2018•Ажурирај: 01 Јануари 2019
БАЊАЛУКА (AA) - Граѓаните и членови на групата „Правда за Давид" го напуштија бањалучкиот Плоштад на Крајина пред 23 часот откако дојдоа припадниците на Единиците за поддршка на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, јавува Anadolu Agency (AA).
По доаѓањето на Плоштадот Крајина каде се наоѓаа демонстрантите предводени од Давор Драгичевиќ, таткото на убиеното момче Давид Драгичевиќ, полицајците ги повикаа граѓаните да се разотидат, бидејќи собирот бил предвиден до 20 часот.
Неколку десетици граѓани со бели ружи во рацете потоа почнаа да шетаат низ Плоштадот Крајина за да недолго потоа преминат во паркот Петар Кочиќ.
Десетина минути пред 23 часот полицијата доби наредба да почне со приведување на граѓаните кои се наоѓаа на тоа подрачје.
Претходно членовите на семејството на Давид Драгичевиќ, членовите на групата „Правда за Давид" и граѓаните на Бањалука организираа протести.
Окружното јавното обвинителство на Бањалука покрена обвинение за убиството на Давид Драгичевиќ (21), момче од Бањалука чие тело е пронајдено на реката Црквена во Врбас во Бањалука. Родителите на момчето и групата „Правда за Давид" од март организираат мирни собири барајќи вистина и правда за овој случај.