Furkan Abdula
29 Мај 2023•Ажурирај: 31 Мај 2023
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, му ја честита победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Туркије, пренесува Анадолу.
Пендаровски ја објави честитката до Ердоган на својот профил на социјалните мрежи.
„Честитки до Реџеп Таип Ердоган по повод победата на претседателските избори во Турција (Туркије)“, напиша Пендаровски.
„Подготвени сме да продолжиме со унапредувањето на одличните билатерални односи во повеќе сфери од заеднички интерес, економската размена и партнерството во рамки на НАТО“, нагласи тој.