Sinan Uslu
31 Јануари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
АНКАРА
Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, заедно со неговата делегација на 4 и 5 февруари ќе реализираат посета на Албанија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп во рамките на официјалната посета на Тирана ќе се сретне со претседателот на Парламентот на Албанија, Грамоз Ручи.
По тет-а-тет средбата, Шентоп и Ручи ќе имаат меѓуделегациска средба. По завршувањето на оваа средба, Шентоп и Ручи ќе одржат заедничка прес-конференција.
Меѓу другото, Ручи ќе приреди ручек во чест на Шентоп и неговата делегација.
Во рамки на средбите од првиот ден на посетата, Шентоп и делегацијата ќе бидат примени на средба и од страна на претседателот на Албанија, Илир Мета, а потоа ќе се состанат со премиерот на оваа земја, Еди Рама.
На вториот ден од посетата, односно на 5 февруари, Шентоп ќе ја клања петочната молитва (џума намаз) во Централната џамија во Скадар.
Во овие рамки, Шентоп и делегацијата ќе положат цвеќе на споменикот на Хасан Риза-паша.
Исто така, Шентоп ќе ја посети и медресата „Хаџи Шејх Шамиа“ во Скадар, како и центарот на Институтот „Јунус Емре“ во овој град.