Furkan Abdula
20 Декември 2021•Ажурирај: 21 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, на првиот ден од неговата посета на Северна Македонија посети голем број историски места во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп со својата делегација го посетија плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, а потоа преку историскиот Камен мост ја посетија и Старата скопска чаршија каде што разговараше со занаетчиите од историската чаршија.
Во рамките на посетата на чаршијата, Шентоп ги посети и Џамијата „Мурат-паша“, потоа „Чифте амам“, „Сулу Хан“, како и турбето „Јигит-паша“ каде што доби информации за историските објекти.
Шентоп, кој утре ќе биде пречекан со официјална церемонија во Парламентот на Северна Македонија, ќе се сретне со претседателот на Парламентот, Талат Џафери, и ќе се обрати пред пратениците.
Потоа, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе го прими Шентоп со парламентарната делегација.
Претседателот на турскиот Парламент ќе го посети Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) и ќе се сретне со учениците во основното училиште „Тефејуз“ во Скопје.
Шентоп, кој ќе учествува на одбележувањето на 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, ќе има и свое обраќање.