Fatjon Cuka
15 Ноември 2022•Ажурирај: 15 Ноември 2022
ТИРАНА (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, престојува во официјална посета на Албанија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, со високи државни почесни во Тирана го пречека својот колега Алиев, кој за првпат е во посета на Албанија.

Делегацијата на Азербејџан ја сочинуваат членови на владиниот кабинет, а претседателите Бегај и Алијев по средбата ќе имаат заедничка прес-конференција.
Во рамки на посетата, Алијев ќе се сретне и со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Според албанските власти, посетата на Алијев претставува важен чекор во развојот на билатералните односи меѓу Албанија и Азербејџан.