Admir Fazlagic
16 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, донесе одлука за одложување на посетата на Австралија, било соопштено од претседателскиот кабинет, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пренесе МИА, повикувајќи се на кабинетот на претседателот на државата, „политичката состојба во земјата и тензиите меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои претседателот Иванов нема да ја реализира посетата на Австралија“.
Посетата предвидуваше средби на македонскиот претседател со државниот врв на Австралија, велат од кабинетот на претседателот Иванов.
Иванов требаше да оствари средби со генералниот гувернер, премиерот, спикерот, претседателот на австралискиот Сенат, со претставници на македонско-австралиската група на пријателство во Парламентот на Австралија, како и со претставници на македонската заедница во Австралија.
Инаку, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на 5. Глобален форум во Баку, во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“.