Fatjon Cuka
28 Мај 2023•Ажурирај: 29 Мај 2023
ТИРАНА (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати честитки до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за победата на претседателските избори во Туркије, пренесува Анадолу.
„Честитки за победата, почитуван Претседателе“, напиша Рама на социјалните мрежи во порака на турски и албански јазик.
Рама во својата објава објави и фотографија на Ердоган.
Ердоган води со 53,41 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу има 46,59 отсто од пребројани 75,42 отсто гласови, изјави Ахмет Јенер, претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК).