Abdulbesar Ademi
28 Мај 2023•Ажурирај: 29 Мај 2023
СКОПЈЕ (АА) - Претседателката на Косово, Вјоса Османи, упати честитки до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за победата на претседателските избори во Туркије, пренесува Анадолу.
„Искрени честитки до претседателот Реџеп Таип Ердоган“, напиша Османи на Твитер.
„Додека продолжувате да ја водите Туркије кон нови успеси, со нетрпение очекувам да соработуваме за да ја зголемиме нашата одлична соработка“, нагласи таа.
Османи, исто така, на турски напиша: „Партнерството меѓу Косово и Туркије нека продолжи и зајакнува.“
Ердоган води со 53,41 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу има 46,59 отсто од пребројани 75,42 отсто гласови, изјави Ахмет Јенер, претседател на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК).