Ekipa
21 Септември 2020•Ажурирано: 22 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денес оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во зeмјата, Драган Јаќимовиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Премиерот Заев и амбасадорот Јаќимовиќ изразија задоволство од цврстите пријателски односи кои ги имаат двете земји, констатирајќи дека нема отворени билатерални прашања, туку само услови за унапредување на соработката во областа на економијата, енергетиката, туризмот и областите значајни за граѓаните на двете држави“, се вели во соопштението на Владата.
На средбата е изразено задоволството од иницијативите за регионална соработка и искажана е подготвеност за соработка за што поскоро остварување на евроинтеграциската стратешка цел на Северна Македонија и на Босна и Херцеговина.
Амбасадорот Јаќимовиќ му посака успешна работа на премиерот Заев во новиот мандат, во насока на одржување на стабилноста и просперитетот за сите граѓани.