Zylfije Adem Jakupi
21 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека епидемиолошката ситуација со Ковид-19 во земјата е стабилна, со тенденција за пад во наредните недели. Во текот на последните две недели забележан е пад на заразените за 44 %, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа, од земени 596 примероци сомнителни на коронавирусот, 79 биле позитивни, додека 2 лица починале како последица на Ковид-19. Досега во Косово се тестирани 62.607 лица, од кои 15.142 биле позитивни на коронавирусот, а 615 лица ја загубија битката со вирусот.
Во последното деноноќие оздравеа 104 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на оздравени од Ковид-19 на 12.674.
Моментално има 1.853 активни случаи на коронавирусот, а излекувани се уште 10 лица.