Fatjon Cuka
11 Февруари 2020•Ажурирај: 12 Февруари 2020
ТИРАНА (АА) - Премиерот на Косово, Албин Курти, денес ја започна официјалната посета на Албанија, а беше пречекан со државна церемонија од страна на премиерот на Албанија, Еди Рама, јавува Агенција Анадолија (АА).
Официјалниот пречек се одржа во Тирана, со учество на министрите на кабинетите на двете влади, како и на други функционери од двете земји.
Ова е прва официјална посета во странство на Курти како премиер на Косово, на која ќе оствари средби со високи претставници на Албанија.
По заедничката прес-конференција со Рама, косовскиот премиер ќе се сретне и со претседателот на Албанија, Илир Мета, со претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи, претседателот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша, и со градоначалникот на Општина Тирана, Ерион Велиај.