Admir Fazlagic
15 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
СКОПЈЕ
Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија соопшти дека до 15 часот своето право на глас на предвремените парламнетарни избори го искористиле 576.576 граѓани, односно 31,78 отсто од вкупниот број гласачи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Државната изборна комисија ги собра податоците за излезеноста на гласачите на овие избори до 15 часот од вкупно 3.435 обработени избирачки места досега. Согласно овие податоци на гласање излегле 576.576 граѓани. Кажано во проценти, одѕивот на гласање до 15 часот во проценти изнесува 31,78 проценти", изјави портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.
Прашан од новинарите за одредени приговори и нерегуларности во врска со изборниот процес, Шабани рече дека офицјално до ДИК досега не е доставен приговор.
Според Избирачкиот список на Државната изборна комисија (ДИК), право на глас имаат 1.814 263 граѓани.
На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија учествуваат 15 коалиции и политички партии со над 1.500 кандидати.
По воведувањето на политичкиот плурализам, во земјата се одржани пет редовни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година.