Ivana Ramadanova
18 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Државната изборна комисија денеска ја продолжи седницата на која се расправаше за последниот приговор на СДСМ за избирачко место во општина Теарце во шестата изборна единица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според овој приговор поднесен од страна на коалицијата предводена Социјалдемекратскиот сојуз, на почетокот на гласањето во таа изборна единица недостигало гласачко ливче со сериски број, а по пребројувањето истото тоа ливче било најдено во избирачката кутијата.
Со шест гласа за и три против беше прифатен предлогот на претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски да се повикаат сите членови на општинскиот изборен одбор за да бидат дополнително сослушани.
Со ист број на гласови беше прифатен предлогот и да се донесе целиот избирачкиот материјал и да се утврди каде исчезнал записникот број 15. Освен тоа, по втор пат беше повикан и донесен Избирачкиот одбор со цел да дадат исказ.
По долгата расправа, со четири гласа за и четири против, беше одбиен последниот осми приговор поднесен од Социјалдемократскиот сојуз, со што барањето на оваа партија за поништување на избирачкото место на кое според нив на почетокот на гласањето недостасувало едно гласачко ливче со кочанот на кој е впишан серискиот број.
При броењето на гласовите ливчето е најдено во гласачката кутија.Со ваквата одлука на ДИК, од вкупно осум поднесени приговори од опозицискаѕа СДСМ, седум беа одбиени, додека пак два беа повлечени од самата партија.
Претходно Државната изборна комисија одби седум, а прифати еден приговор поднесени од страна на политичката партија БЕСА.
Инаку, пред три дена ДИК започна со разгледување на добиените приговори од БЕСА и СДСМ. Во текот на работата на оваа институција, неколку стотици приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ постојано протестираа пред ДИК, вклучително и во текот на денешната седница. Поддржувачите бараа од ДИК што поскоро да ја прифати победата на ВМРО-ДПМНЕ на превремените парламентарни избори одржани на 11 декември.
Вечерва на собирот се придружи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој се обрати пред присутните граѓани.
Во својот говор, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски побара институциите да ја почитуваат волјата на граѓаните и да работат во согласност со законот. Порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи „понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно политички прашања во земјата", и побара, како што рече „да осатнат во рамките на своите однесувања како дипломати".
Тој најави дека ако има прегласување неговата партија нема да учествува и нема да ги признае резултатите од ова прегласување.