Bojana Stojanovic
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 11 лица, а заболени се уште 351 лице, со што во земјата има 4.667 заразени пациенти со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од вчера се тестирани 8.393 лица, од кои 351 лице е позитивно на Ковид-19, изјавија на прес-конференцијата на Кризниот штаб.
Вкупно се регистрирани 19.334 случаи на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа починаа уште 11 лица, со што бројот на починати до сега се зголеми на 429. Процентот на смртност изнесува 2,22 отсто.
На респиратори се наоѓаат169 пациенти.
Од вчера се хоспитализирани 234 пациенти, што значи дека денес на територијата на Србија има 4.667 пациенти заразени со Ковид-19.
Досега се тестирани вкупно 515.395 граѓани.