Vesna Besic
11 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
Денес во Меморијалниот центар во Поточари, Сребреница, се клањаше џеназе-намазот и потоа беа закопани 19 жртви од геноцидот извршен во 1995 година во Сребреница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џеназе-намазот беше предводен од страна на поглаварот на Исламската заедница на Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ.
На комеморативниот настан по повод 26-годишнината од геноцидот во Сребреница учествуваа илјадници лица.
По џеназе-намазот, се одржа верска програма, а по неа беа прочитани имињата напишани на ковчезите.
Најмладата жртва што беше закопана во Меморијалниот центар во Поточари е Азмир Османовиќ, кој имаше само 16 години кога бил ликвидиран.
Најстарата жртва е 63-годишно машко лице, Хусеин Курбасиќ, кој исто така е закопан во Меморијалниот центар во Поточари.