Oktaj Omeragikj
26 Мај 2022•Ажурирај: 27 Мај 2022
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека врз основа на податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа во земјата се направени 1.411 тестови, при што 108 се позитивни на Ковид-19, од кои 8 се реинфекции, со што вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 311.592, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана ист, односно изнесува 9.300.
Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на досега оздравени лица се зголеми на 301.728.
Во моментот, бројот на активни случаи на зараза со Ковид-19 изнесува 564.
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се реализирани 1.411 тестирања на примероци сомнителни на Ковид-19, вкупно 2.049.946 од појавата на коронавирусот во земјата.