Балкан

Поранешниот премиер на Албанија со тужба за клевета против американскиот државен секретар Блинкен

- Поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, го тужеше за клевета американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по одлуката за прогласување за непожелна личност на Бериша од страна на САД

Fatjon Cuka  | 05.08.2021 - Обновена : 10.08.2021
Поранешниот премиер на Албанија со тужба за клевета против американскиот државен секретар Блинкен Фото: Архива / АА

ТИРАНА

Поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, го тужеше за клевета американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по одлуката за прогласување за непожелна личност на Бериша од страна на САД, јавува Агенција Анадолија (АА).

На прес-конференција во Тирана, Бериша потврди дека неговиот адвокат тужбата за клевета ја поднел до
Судот за казнена надлежност од прв степен во Париз (Correctional Tribunal of Paris.).

„Според мојот адвокат, оваа тужба за клевета поднесена до судот се базира на поранешни слични преседани, и за клевета нема имунитет. Упатувам апел до секретарот Блинкен, во име на транспарентноста, до судот да ги испрати сите факти, документи и докази кои ги поседува тој или кој било друг во светот против Сали Бериша и неговите роднини“, рече Бериша.

Тој нагласи дека целосниот недостиг на транспарентност во оваа одлука докажува дека тоа е политичка одлука.

„Не замислував дека ќе бидам принуден да поднесам тужба против државниот секретар на САД, на кои толку многу им се восхитувам. Со оваа тужба барам да се заштити моето достоинство, и достоинството на моето семејство и на сите Албанци. Со оваа тужба барам да се направи целосна транспарентност пред Албанците. Поднесов тужба против клеветите на која се базира оваа одлука“, додаде тој.

Инаку, во мај оваа година, Бериша беше прогласен за лице непожелно за влез во САД. Оваа одлука ја соопшти Блинкен, кој тогаш рече: „Коруптивните акти на поранешниот претседател на Албанија, Сали Бериша, ја поткопаа демократијата во Албанија. Јавно го прогласувам Бериша и неговото семејство за непожелни за влез во САД.“

Во соопштението на американскиот Стејт департмент кое се повикуваше на изјавата на Блинкен, беше истакнато дека особено за време на неговото извршување на должноста премиер на Албанија, Бериша бил вклучен во коруптивни акти, како злоупотреба на јавните средства и интервенирање во јавните процеси, вклучувајќи ги користењето на неговата власт за своја корист и за збогатување на неговите политички сојузници и членови на неговото семејство.

Бриша од 1992 до 1997 година ја вршеше функцијата претседател на државата, додека во периодот од 2005 до 2013 година ја вршеше функцијата премиер на земјата. Тој на парламентарните избори на 25 април годинава беше избран за пратеник во Собранието од опозициската Демократска партија на Албанија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın