Hakan Çopur
01 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
ВАШИНГТОН
Министерот за надворешни работи на САД, Ентони Блинкен, уште еднаш ја потврди посветеноста на САД кон сувереноста и територијалниот интегритет на Украина која е подложена на агресијата на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на американското Министерство за надворешни работи објави писмено соопштение во врска со телефонскиот разговор помеѓу Блинкен и шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба.
„Министерот Блинкен повторно ја потврди непоколебливата посветеност кон сувереноста и територијалниот интегритет на Украина подложена на агресијата на Русија која продолжува во Донбас и Крим“, се вели во соопштението.
Според соопштението, Блинкен изразил загриженост во врска со тензијата во источниот дел на Украина, упатувајќи сочувство за загинатите украински војници.
Блинкен укажа на зајакнувањето на демократските институции во Украина, и зачувувањето на владеењето на правото.
Во разговорот дојде до усогласување за продолжување на соработката во различни области - Ковид-19 и борбата против климатските промени.
Инаку, на 26 март во подрачјето на Шуми во Донбас загинаа четворица украински војници откако врз нив беше отворен оган од страна на проруските сепаратисти.
Над 13.000 лица загинаа во судирите кои продолжуваат од 2014 година досега помеѓу администрацијата на Киев и проруските сепаратисти.