Admir Fazlagic
23 Јули 2022•Ажурирај: 24 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во атарот на селото ’Ржаничино во скопската Општина Петровец, пожар зафати дел од населеното место, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според првичните информации од локалното население во селото ’Ржаничино, пожарот настанал поради скршена бандера и паднати жици, при што е предизвикан електричен спој и прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

Жителите, поради стравување од ширење на пожарот, излегле самите да го гасат. Повикале и противпожарна служба, која, како што велат, дошла по половина час.
Пожарот е изгаснат, а надлежните работат на утврдување на причините поради кои настанал пожарот.