Alma Dekovic
23 Јули 2022•Ажурирај: 25 Јули 2022
САРАЕВО (АА) - Во натпреварувачката програма за документарен филм на 28. Сараевски филмски фестивал (СФФ) учествуваат 22 филма, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изборот на селекторката Рада Шешиќ, од 22 филма, осум ќе имаат светска премиера, три меѓународна, еден европска, девет регионална и еден премиера во Босна и Хецеговина.
„Нашата програма одбележува различни документарни форми: од возбудлив кино-верите документарец, каде камерата е „мува на ѕидот“, до поетски, исклучително интимистички филм - дневник и документарни филмови кои низ креативно користење на архивата раскажуваат за релевантни настани. Имаме и еден изразито експериментален филм кој се поигрува со филмските елементи, како и филмови кои талентирано и ефикасно комбинираат анимација со елементи на документаризам. Навистина сум горда што во селекцијата имаме многу дебитанти и она што особено ме радува е прилично големата застапеност на авторки: режисерки и продуцентки. Прекрасно е да се видат како на сцената доаѓаат нови автори и нови таленти“, рече Шешиќ.
Говорејќи за овогодинешната селекција, Шешиќ рече дека оваа година на СФФ ќе има три филма од Украина, „земја која се бори за опстанок, каде што луѓето секојдневно гинат, страдаат и покрај сето тоа се обидуваат да создадат нешто вредно и да го споделат со светот“.
„Дел од тие филмови се започнати претходно, а сега се завршени, но еден од нив е создаден токму сега, во месеците на војната“, рече Шешиќ.