ИСТАНБУЛ (АА)
– Аише ХУМЕЈРА БУЛОВАЛИ
Песните на поетот и професор Абдулфетах Рауф од Скопје по 60 години се среќаваат со читателот, пишува Агенција Анадолија (АА).
Песните на Абдулфетах Рауф, чии дела не можеа да се објават долги години од различни причини, ги објави Здружението за едукација и идеи „Фетах ефенди“, под наслов „Повторно за татковината“.

Воведниот состанок за книгата ќе се одржи вечерва во Националната галерија „Даут-пашин амам“ во Скопје.
- Израсна како свештеник во османлискиот образовен систем
Абдулфетах Рауф, син на Рауф ефенди и Рефије, членови на семејството на Хаџи Исхак, едно од важните семејства во тоа време, е роден во 1910 година во Скопје.
Кај граѓаните во Македонија е познат како Фетах ефенди. Рауф во неговите лични документи и во некои негови написи го користеше името Фетах Исхак или Фетах Исхаковиќ.
Фетах ефенди своето основно образование го добил на српски јазик во Скопје, потоа студирал во Медресата „Медах“, основана од Атаула Куртиш (Ата Ефенди), која подоцна се сметала за една од важните образовни институции, и дипломирал таму во 1933 година.
Помеѓу 1933 и 1938 година Фетах ефенди работел како предавач и професор по теологија во Медресата „Медах“, а исто така служел како почесен проповедник во разни џамии во Скопје.
Фетах ефенди израснал како свештеник во османлискиот образовен систем, течно зборувал и арапски и персиски јазик.
- Образуваше бројни ученици
Абдулфетах Рауф, кој одигра важна улога во образување на бројни лица меѓу Турците во Македонија, исто така, работеше како главен учител во Медресата „Медах“.
Абдулфетах Рауф обучи голем број ученици до затворањето на медресата. Кемал Аручи и Бекир Садак кој замина во Турција и долги години предаваше на Високиот исламски институт во Истанбул и Теолошкиот факултет на Универзитетот „Мармара“, беа меѓу неговите студенти кои добија диплома на церемонијата одржана во 1944 година.
На Фетах ефенди, кој беше уапсен, прогонет и затворен во социјалистичкиот период, кој започна по 1945 година, кога комунистичката Влада доминира во Југославија, не му беше дозволено да извршува верски должности до неговата смрт.
Фетах ефенди во последните години од неговиот живот беше назначен за експерт за преведување на османлиските документи што припаѓаат на Северна Македонија во Архивот на Македонија. Почина на 24 април 1963 година во Скопје и беше погребан на гробиштата „Бутел“.
Фетах ефенди беше против миграцијата што започна од Југославија во Турција, особено по Втората светска војна. Својот став дека миграцијата не е исправна од верски аспект, го изрази во своите песни.
- Се здоби со посебно место во поезијата на Турците од Балканот
Абдулфетах Рауф ефенди во периодот во кој живееше се најде меѓу претставниците на старата и новата поезија во литературата на Турците од Балканот.
Фактот дека поетот се образовал во османлискиот образовен систем, ја зголеми неговата доминација во областа на класичната турска литература и литературната уметност. Првите песни на поетот се појавија во периодични изданија како што се весникот „Сада-ји Милет“ (Sada-yı Millet) и списанието „Ел Хилал“ во Скопје, како и во весникот „Меденијет“ во Софија.
Со богатството на неговиот речник и неговиот успех во областа на османлискиот турски јазик, Фетах ефенди зазеде единствено место во турската поезија на Балканот, која се разви во 20 век.
Фетах ефенди, исто така има песни посветени на Мехмет Акиф Ерсој, Јахја Кемал Бејатли и Неџип Фазил Кисакурек.
Поетот од Скопје, во своите песни најмногу се осврнува на патриотизмот. Исто така, во своите песни ја вклучува и почитта кон османлиската цивилизација, социјалните прашања на Турците од Балканот и некои верски прашања.
Абдулфетах Рауф со својата извонредна интелигенција, ефективни говори и точни проценки во сите средини стана научник кој привлекува внимание.
Бекир Садак, кој го познава одблизу, а исто така е и негов ученик, рече: „Фетах ефенди има светла и богата интелигенција. Тој има широка имагинација, доволно разумна моќ и способност за размислување и зборување. Прашањата за кои зборува генерално се научни и литературни.“
Џавит Сарач, еден од учениците на Фетах ефенди, за неговата поезија и неговиот процес на пишување на поезија, рече:
„Неговиот речник е многу широк. Затоа, неговите песни се исто така со висок квалитет во однос на римата и семантиката. Друга интересна карактеристика за него е тоа што тој можеше да напише песна во еден момент. Со други зборови, тој не земаше молив и хартија, да седне, да размислува и да пишува поезија. На пример, додека седи со вас, тој можеше да напише две до три песни. Ова е зачудувачка работа. Одлична карактеристика што Господ им ја дал на исклучителните луѓе.“