Lejla Biogradlija
06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
ЉУБЉАНА (АА) - Во Љубљана, главниот град на Словенија, полицијата интервенира врз стотици луѓе кои протестираа против владините мерки на новиот тип коронавирус (Ковид -19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пред Самитот ЕУ - Западен Балкан кој ќе се одржи во градот Брдо, Словенија, која претседава со Европската Унија (ЕУ), полицијата одговори со солзавец и водени топови на толпата што излезе на улиците.
Демонстрантите кои две недели одржуваат протести против владините остри мерки против Ковид-19, на денот на Самитот привлекоа внимание и кај странските медиуми.
- Самит ЕУ - Западен Балкан -
На Самитот, администрацијата на ЕУ има за цел да ги развие односите со Западен Балкан, на кои им придава стратешко значење. Самитот ќе се фокусира на прашања како што се безбедноста, инвестициите и проширувањето меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан како што се Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Северна Македонија.
На Самитот во Словенија, лидерите на ЕУ се очекува да го потврдат Планот за економија и инвестиции на ЕУ во износ од 30 милијарди евра за Западен Балкан за следните седум години.
Девет милијарди евра од оваа сума се планира да се донираат од фондот на ЕУ. Исто така, ќе се дискутира и за трошоците за роаминг во ГСМ-мрежите помеѓу земјите на ЕУ и Западен Балкан.