Vesna Besic
08 Јули 2021•Ажурирај: 09 Јули 2021
ПОТОЧАРИ
На гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница - Поточари денеска се привршуваат ископувањата на гробовите во кои ќе бидат спуштени посмртните останки на 19 новоидентификувани жртви од геноциот во Сребреница, кои ќе бидат закопани на колективниот погреб на 11 јули оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во Поточари се во тек ископувањата на гробовите, има тука уште некои придружни работи кои треба да се завршат и не очекуваме дека ќе ги завршиме денеска“, појасни Кенан Каравдиќ, директорот на ЈКП „Градски гробишта“ Високо.
Ковчезите со посмртните останки на жртвите од геноцидот извршен во Сребреница на 11 јули 1995 година на 9 јули ќе тргнат од Високо кон Поточари.
„По 26-ти пат жителите на Високо им оддаваат последна почит на сребреничаните. В петок во 10 часот од Високо ќе тргне колона возила со ковчези. Ќе застанат во Илијаш, во Вогошча, а ќе се обидеме во 12 часот да бидеме пред зградата на Претседателството во Сараево“, изјави Каравдиќ.
Оваа година во Меморијалниот центар Сребреница - Поточари ќе бидат закопани посмртните останки на 19 жртви од геноцидот. Меѓу жртвите кои ќе бидат закопани се наоѓаат и двајца малолетници и една жена.