Stipe Majic
04 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
ЗАГРЕБ (AA) - Претседателот на Хрватската влада Андреј Пленковиќ го прими во Банските дворови претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама, по учеството на состанокот на врвот на Централно Европската иницијатива. Двајцата премиери ги отфрлија обвиненијата од Србија за создавање голема Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и албанскиот премиер Еди Рама оценија дека Албанија и Хрватска имаат добри меѓусебни односи и високо ниво на политичка комуникација како НАТО сојузници и членки на бројни и регионални иницијативи.
Премиерот Андреј Пленковиќ изрази силна поддршка на Албанија во нејзините настојувња да стане членка на ЕУ, со очекување да започнат формални преговори за пристапување и го пофали спроведувањето на европските реформи на албанскиот премиер Рама.
Премиерот Рама се заблагодари на поддршката која Хрватска ја пружа на Албанија на нејзиниот европски пат, но и на поддршката која Хрватска му ја дава на Косово со признавањето на оваа држава.
„Клучно за Албанија и за Македонија е да се започне со меѓувладина конференција и да се отворат преговори. Ние сме уверени дека откако поминат европските избори ќе биде постигнат консензус и заа формално отворање на преговорите за пристапување, а Хрватска тој процес со Албанија многу цврсто ќе го поддржи", порача Пленковиќ говорејќи за албанскиот пат кон членството во Европската унија.
„Србија и Белград го прекршија договорот за ЦЕФТА. Косово повторно се жалеше на тоа, но за жал немаше реакција која тоа би го поправила. Стопроцентното зголемување на царините за српските производи не е нормално, но и ситацијата е ненормална", рече премиерот Рама одговарајќи на новинарско прашање.
„Мораме да ја земеме в предвид фрустрацијата на жителите на еден дел на Косово кои очекуваа либерализација на визите откако Косово и Црна Гора постигнаа договор за разграничување. До вчера Косоварите беа граѓани од втор ред бидејќи живееја под Србија, но можеа да патуваат со српски, односно југословенски патни исправи. Денес тие се единствени граѓани на Европа од втор ред кои не можат никаде да патуваат", додаде Рама.
„Кога зборуваме за обвиненија за голема Албанија, таа теза секогаш се појавува кога Албанците од Косово бараат нешто со право и кога ние како Албанија и Косово настојуваме да разговараме за работите од заеднички интерес", порача Рама.
Хрватскиот премиер Пленковиќ порача дека Хрватска сака да има добри односи со Албанија, со Косово и со Србија.
„Не гледаме сценарио (на голема Албанија) за кое зборувавте. Сакаме работите да се нормализираат и односите да се стабилизират, а за тоа денес говореше и еврокомесарот Хан кој вчера ја посети Приштина и Белград", рече Пленковиќ.
Во текот на состанокот потпишана е Декларација за стратешко партнерство помеѓу двете земји со очекување за брзо унапредувње на трговската размена која сега изнесува околу 60 милиони евра.