Балкан

Палмер: Македонија би можела да стане членка на НАТО во 2020 година

Високиот официјален американски преставник изјави дека Македонија најрано во рок од 18 месеци од сега, би можела да стане 30.членка на НАТО.

Ekip  | 04.12.2018 - Обновена : 05.12.2018
Палмер: Македонија би можела да стане членка на НАТО во 2020 година (Foto: Arhiva/ AA)

Sarajevo

САРАЕВО (АА) - Заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американси Држави (САД), Метју Палмер, денеска во Сараево изјави дека Македонија би можела да стане членка на НАТО во почетокот на 2020 година, доколку го имплементира Договорот со Грција за промена на името во Северна Македонија, со што ќе биде решен долгогодишниот спор за името меѓу двете земји, пренесува Anadolu Agency (AA).

Високиот официјален американски преставник изјави дека Македонија најрано во рок од 18 месеци од сега, би можела да стане 30.членка на НАТО.

„Ова е потполно реален датум за оваа цел", изјави Палмер.

Сепак, тој изрази загриженост во врска со, како што рече, „штетното влијание" на Русија во Западен Балкан, вклучувајќи ги напорите за поткопување на одлуката на Македонија да продолжи со членството во НАТО. 

„Кремљ смета дека своите интереси во регионот напредуваат преку несогласување, недоверба и нарушување", рече Палмер, додавајќи дека Русија првенствено е фокусирана на унапредување на своите визии и цели кои не се во согласност со нивните.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın