Oktaj Omeragikj
21 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
СКОПЈЕ
Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на „21 декември – Денот на наставата на турски јазик“, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија, известува Агенција Анадолија (АА).
„Почитувани сограѓани, дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, на сите припадници на турската етничка заедница да Ви го честитам 21 декември – Денот на наставата на турски јазик“, вели Пендаровски во честитката.
Претседателот на Северна Македонија во честитката истакна дека јазикот претставува душата на еден народ и негово суштинско, идентитетско обележје. Пендаровски наведе дека можноста да се зборува, да се добие образование и да се твори на својот мајчин јазик е право на сите етнички заедници во Република Северна Македонија и додаде дека земјата претставува сплет на религии, култури и етникуми.
„Живеејќи заедно и празнувајќи го овој ден, упатуваме моќна порака дека одбележувањето и почитувањето на разликите нè сплотува, нè обединува и ги зацврстува и надградува меѓучовечките односи“, подвлече Пендаровски.
Пендаровски додавајќи дека граѓаните на Северна Македонија, сплотени заедно можат да ги надминат сите искушенија со коишто се соочуваат, продолжи со зборовите „Нашата цел како држава и понатаму ќе биде градење подобар и поквалитетен живот и подобро општество за сите.
Претседателот Пендаровски честитката до Турците во Северна Македонија ја заврши со зборивите „Нека е честит 21 декември – Денот на наставата на турски јазик!“.
- Честитка до Турците во С.Македонија и од претседателот на парламентот Талат Џафери
Претседателот на Парламентот на Северна Македонија, Талат Џафери, по повод „21 декември – Денот на наставата на турски јазик“, на припадниците на турската заедница во земјата им го честиташе празникот во свое име и во името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.
„Драго ми е што овој празник со кој институционално и како граѓани на Република Северна Македонија изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е неделив дел од општественото ткиво на Република Северна Македонија, го чествуваме со посебен акцент на образованието, творењето и негувањето на турскиот јазик кои се најдобра храна за душата и умот на еден народ.
Џафери во честитката рече дека во земја во која живеат припадници на повеќе различни етнички заедници, суштинско е да се овозможи творење, функционирање и употреба на мајчиниот јазик на секоја заедница, за да се воспостават односи на искрена почит, доверба и лојалност кон државата, со цел тоа да придонесе кон подобро запознавање на различностите кои не прават уникатни.
Џафери посочи дека несомнено е дека турскиот јазик, култура и обичаи се толку одомаќени и се дел од културите, обичаите и јазиците кои постојат и се активни во земјата, што не ги чувствуваме како далечни и непознати, туку само ја збогатуваат сликата на Северна Македонија.
„Уште еднаш, дозволете да Ви упатам искрени честитки и да Ви посакам светлината на образованието секогаш да ви го осветлува патот и мислата!“, истакна Талат Џафери, претседателот на Парламентот на Северна Македонија.